Авион на Alaska Airlines принудно слета синоќа во Портланд, Орегон, откако персоналот пријавил проблем со притисокот во авионот.
Според CNN, тоа го изјавиле официјалните лица, додека еден од патниците рекол дека прозорецот на авионот паднал за време на летот. Во авионот имало 171 патник и 6 членови на екипажот.
Авионот бил во воздухот околу 20 минути по полетувањето од меѓународниот аеродром „Портланд“ и потоа се вратил на пистата.
Кајл Ринкер, еден од патниците на тој лет, објасни за CNN дека прозорецот паднал од авионот веднаш по полетувањето.
„Тоа се случи одеднаш. Штотуку стекнавме височина кога издувна прозорецот/ѕидот и тоа не беше забележано додека не се симнаа маските за кислород“, рече Ринкер.
Американските авијациски власти објавија дека станува збор за авион Boeing 737 Max 9, кој доби дозвола за летови на 25 октомври минатата година и дека е покрената истрага за овој инцидент.