Свет
Крузер одбиен да влезе во Јамајка и Кајмански Острови

Прв случај на корона вирус во Мексико

28. февруари 2020 - 18:55 | МИА

Мексико за првпат регистрира случај на корона вирус во земјата откако двајца граѓани кои патувале во Италија имале позитивна дијагноза, а две карипски земји, Јамајка и Кајмански острови, одбиле влез на крузер во своите води.

Според Уго Лопез Гател, заменик министер за здравство, едниот од заболените е во Мексико Сити, а другиот во северната држава Синалоа. Според него, тестовите за вториот случај сè уште не се готови, но „го третираме како потврдено“.

Заболените Мексиканци се чувствуваат добро.

Епидемијата на смртоносниот нов корона вирус Covid-19 се прошири од Кина во над 50 земји на сите континети, освен Антарктикот. Во целиот свет, речиси 88 илјади се инфициарни, а досега починаа 2,872 лица.

Денеска, крузер со 6.000 туристи на крстосување низ Карипското Море што бил одбиен да влезе во водите на Јамајка и на Кајмански Острови, му било одобрено да се закотви во пристаниште на Мексико.

На патниците ќе им биде дозволено да стапнат на копно се додека не ги поминат „лекарските стандарди“, изјави мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор.

Бразил синоќа го потврди првиот случај на коронавирус во Јужна Америка.

Коментирај