Прв телефонски разговор Путин-Бајден

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, првпат по изборот на Бајден одржаа телефонски разговор. Од Белата куќа изјавија дека разговорот бил по иницијатива на руската страна.

– Владимир Путин му честиташе на Џозеф Бајден со почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за оддржување на безбедноста и стабилноста во светот, тоа би било од интерес и на меѓународната заедница, се вели во соопштението од Кремљ.

Главни теми на разговорот биле повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, проблемите со Заедничкиот продлабочен план за акција (нуклеарниот договор со Иран), регулирање на конфликтот во Украина, борбата со COVID-19.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување.

– Во најскоро време, двете страни ќе ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на тој важен меѓународно-правен механизам за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали, се прецизира во соопштениеот на Кремљ. Договорот истекува на 5 февруари.

Белата куќа соопшти дека во првиот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, претседателот на САД, Џо Бајден, изразил загриженост околу ситуацијата со Навални и укажал дека САД одлучно ќе ги заштитуваат своите интереси.

Двајцата лидери разговарале за труењето на Алексеј Навални, сајбер-нападите врз владини агенции на САД, како и за извештаите околу руските награди за „главите“ на американски војници во Авганистан.

– Претседателот Бајден истакна дека САД го поддржуваат суверенитетот на Украина. Тој јасно стави до знаење дека САД одлучно ќе дејствуваат за заштита на своите национални интереси во одговор на акциите на Русија коишто ни штетат нам и на нашите партнери, се вели во соопштението.

Според Bloomberg, извори од Белата куќа укажале дека Москва барала телефонски разговор со Бајден уште минатата недела. Пред комуникацијата со Путин, Бајден разговарал со своите советници и со европските партнери, пред сѐ францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе