Прв трејлер за „Ant-Man and the Wasp“, новиот филм на Marvel
Студиото Marvel работи како подмачкано, и за оваа година веќе најавија три филма. Двата кои се во центарот на вниманието се „Black Panther“ и „Avengers: Infinity War“, но тука е и помалиот „Ant-Man and the Wasp“, кој би требало да ја донесе комедијата во филмскиот универзум на Marvel.
Овој филм е директно продолжение на кино-хитот од 2015, „Ant-Man“, а во главните улоги повторно ќе се појават Пол Рад и Еванџелин Лили. Покрај нив, во филмот се појавуваат уште Мајкл Даглас и Мајкл Пења.