Прв трејлер за најстрашниот филм во последната деценија – „Hereditary“
Хорор-филмот „Hereditary“ ја освои публиката на Sundance Film Festival, од каде си отиде со епитетот „најстрашниот филм во последната деценија“. Сега тој го доби и првиот трејлер, за да ја припреми публиката за неговите први проекции во киносалите.
Во главните улоги се појавуваат Тони Колет, Габриел Брн и Ен Дауд, а дејството се случува во опкружувањето на едно семејство кое „копа“ по тајните на нивните предци по смртта на мајката Елен.
Режисер на ова филмско остварување е Ари Астер, а тој доаѓа од истото студио како и филмовите „The Witch“, „Green Room“ и овогодинешниот кандидат за Оскар, „Lady Bird“.