Објавен е трејлерот за напнатиот трилер Damaged, со Семјуел Л. Џексон и Венсан Касел во главните улоги.
Режисер на филмот е Тери Мекдона, кој работеше на познати проекти како Breaking Bad, Better Call Saul и Killing Eve.
Damaged го следи полицискиот детектив од Чикаго, Ден Лосон (Џексон) кој патува во Шкотска откако злосторствата на серискиот убиец се преклопуваат со случаи со истиот ужасен модел што тој го истражувал пред пет години. Ден Лосон и Браво (Касел) работат заедно за да спречат безмилосен сериски убиец пред да ја најде својата следна жртва.
Пол Аниел, Стивен Сакаи и Џани Капалди се заслужни за пишувањето на сценариото. Од актерската екипа, покрај Семјуел Ел Џексон и Венсан Касел, во филмот играат и Џани Капалди, Лаура Хадок, Џон Хана, Кејти Дики и Брајан Мекарди.
Фановите на Џексон и Касел се одушевени од трејлерот.
„Дали има нешто во кое Семјуел Л Џексон не може да глуми?“, „Изгледа како Se7en, но во Шкотска“, „Семјуел Л Џексон секогаш изгледа како фраер во филмовите“ „Одличен состав, мислам дека ова ќе биде хит“, коментираат луѓето.
Премиерата во кината и избрани стриминг платформи ќе биде на 12 април.