Прв трејлер за серијата „How to Sell Drugs Online (Fast)“
Netflix го објави првиот целосен трејлер за новата оригинална серија на стриминг платформата, германското остварување „How to Sell Drugs Online (Fast)“.
Серијата е квалификувана во жанрот комедија/драма и се состои од шест 30-минутни епизоди што ќе бидат пуштени на Netflix на 31 мај.
Дејството се врти околу двајца тинејџери кои ќе почнат да продаваат дрога онлајн и ќе станат едни од најголемите дилери на дрога во Европа.
Сето тоа само за вниманието на една девојка.