Прво се посрамоти, но веднаш се извади со гол со ножички
Андреа Белоти беше јунакот на Торино синоќа откако со неговите два гола донесе победа над Милан. Но, за оној вториот навистина се намачи откако прво на празен гол успеа да се сплетка промашувајќи ја топката за веднаш да се извади со ножички.
Во 76-тата минута, само 4 минути откако израмни на 1:1, Белоти налета на одбиена топка по шутот на Симоне Ѕаѕа, но се посрамоти. Празниот гол не упсеа да го погоди бидејќи се сплетка и ја промаши топката која наместо в гол летна нагоре.
Веднаш реагираше инстиктивно, се вивна во воздух и со ножички ја затресе мрежата на Џиџи Донарума, вадејќи се за промашувањето и воедно постигнувајќи го голот на колото.