ПСЖ гледа само кон ЛШ: Суперлигата за нас е мртва

Претседателот на парискиот гигант тврди дека ова натпреварување никогаш нема да заживее.

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелајфи изјави дека францускиот клуб не е заинтересиран за проектот на европската Суперлига, пренесува реномираниот шпански спортски весник Marca.

Проектот Суперлига започна во март минатата година, но брзо беше затворен со повлекувањето на англиските тимови. Идејата се уште ја поддржуваат Реал, Барселона и Јувентус, но францускиот гигант тврди дека таа нема да заживее.

„Што се однесува до нас, Супер лигата е одамна мртва. Реал ја освои Лигата на шампионите. Заслужи да ја освои, славеа со денови, недели, а сега велат дека не сакаат да ја играат. Ако не се среќни, не мора да играат во Лигата на шампионите. Тоа е најдоброто натпреварување во светот. Повторувам, Суперлигата е мртва за мене“, изјави Ал-Хелајфи.

Првиот човек на ПСЖ одговори и на жестоките критики на предводникот на Реал по одлуката на Килјан Мбапе да го продолжи договорот со „Светците“, иако францускиот репрезентативец беше на прагот да се пресели во мадридскиот клуб.

„Го почитувам Реал, тоа е голем клуб, но Килјан не остана поради парите. Понудата на Реал беше подобра од нашата. Тој е наш фудбалер, но имаше понуди и од некои англиски клубови, не само од Реал. Килјан е заинтересиран за проектот. Тој е Парижанец, Французин, сакаше да остане во нашиот клуб за да го претставува својот град и својата земја. Парите не му се најважни, тој сака проект и сака да победи“, итврди претседателот кој доаѓа од Катар.

Повтори дека Реал лани понудил 180 милиони евра за Мбапе.

„Не знам што зборуваат во Мадрид, но веќе 18 месеци знам дека Мбапе сака да остане. Тој слушна дека во Мадрид велат дека сака да замине во Реал, но тоа едноставно не беше точно. Сега се зборува за последната понуда на Реал, но минатото лето понудија 180 милиони евра, кои јас ги одбив. Луѓето ми рекоа дека сум луд, затоа што сега Мбапе наводно може да оди бесплатно. Разбирам дека се разочарани во Реал, но не е фер сега да кажуваат лаги за Мбапе“.

Претседателот на ПСЖ изјави и дека не е загрижен поради обвинувањата дека францускиот клуб го нарушува финансискиот фер-плеј.

„Имаме фудбалски проект кој го градиме и кој мора да расте. Не се грижиме, бидејќи немаме време за губење. Секоја година, секое лето, истата приказна. Секогаш фер-плеј и басните дека не го почитуваме. Знаеме што смееме да направиме, кого можеме да го донесеме. Знаеме многу подобро од оние кои ни делат совети. Беше кажано дека е финансиски невозможно да го донесеме Лионел Меси, а ние заработивме пари од него“, заклучи претседателот на Пари Сен Жермен.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе