ПСЖ ќе му понуди на Мбапе договор каков што досега не сме виделе во фудбалот

Пари Сен Жермен ѝ понуди на првата ѕвезда на тимот, Килјан Мбапе, договор кој досега не е виден во светот на фудбалот, сè со цел да го задржи во тимот и по истекот на договорот.

Договорот на Мбапе со клубот од Паркот на принцовите истекува на крајот на сезоната и тој може да преговара со заинтересираните клубови од 1 јануари.

За него најголем интерес покажаа Реал Мадрид и Ливерпул, но според последните информации се чини дека ниту ПСЖ не се откажал да го задржи во главниот град на Франција.

RMC објави дека ПСЖ подготвил астрономски договор за Мбапе со кој би станал еден од најплатените спортисти во светот и би заработувал нереални 100 милиони евра годишно или два милиони евра неделно.

Новинарот Даниел Риоло истакна дека верува дека само ПСЖ е во состојба да му понуди вакво нешто на фудбалер.

„Тоа би била понуда каква што досега не е видена, се работи за нешто неверојатно, понуда според која тој би заработувал повеќе од 100 милиони евра годишно“, изјави Риоло за RMC и додаде:

„Новиот договор ќе биде од корист за неговиот брат и семејството, како и агенцијата на играчот што мајката на Мбапе сака да ја основа“.

Мбапе постигна 26 гола на 25 натпревари за ПСЖ оваа сезона, а му се придружува и помладиот брат Итан кој може да биде клучен фактор за неговиот престој во Париз.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе