СЕРИЈА А 2023/2024

Пулишиќ: Милан е перфектен чекор за мојата кариера

Кристијан Пулишиќ е многу возбуден што е дел од Милан по сензационалното деби во Серија А, каде на терен повторно заигра со својот поранешен соиграч од Челси, Оливје Жиру. „Почувствував дека ова е перфектен чекор за мојата кариера“.

Американскиот офанзивец не можеше да посака подобро деби во 2:0 победата на гостувањето кај Болоња. Неговото нафрлување во 11. минута беше претворено во асистенција од Тиџани Рејндерс за Жиру, кој го отвори резултатот. Потоа самиот Пулишиќ со неверојатен удар од 20-ина метри зголеми на 0:2.

„Беше фантастичен почеток, секако. Многу сум возбуден што сум дел од овој тим“, изјави 24-годишниот Пулишиќ за DAZN.

„Двата рани гола ни помогнаа, бидејќи потоа беше тежок натпревар. За мене лично едноставно беше одличен почеток, убаво е кога ќе се даде гол, а незатресената мрежа и победата се секако секогаш убава работа“, додаде тој.

За Пулишиќ синоќа беше еден вид на повторно среќавање со поранешните соиграчи од Челси, Оливје Жиру, Фикајо Томори и Рубен Лофтус-Чик. Дали можеби нивното присуство во Милан го обеди и тој да се пресели на Чизмата?

„Само зборував со нив, со Оливје, имаме добро искуство заедно. Играв со Фикајо, играв со Рубен и постои поврзаност, како што видовте вечерва. Беше одлично повторно да се добие асистенција од Оли“, рече Пулишиќ. Жиру му ја намести топката кога го постигна голот за 2:0.

Remote video URL

„Едноставно почувствував дека ова е перфектен чекор за мојата кариера, навистина се чувствувам добредојдено и сум возбуден што сум дел од овој клуб“.

Милан синоќа на „Ренато Дал'Ара“ во Болоња за прв пат го претстави напаѓачкото трио со Жиру, Пулишиќ и Рафа Леау.

„Многу е лесно да се игра покрај добри играчи! Оли секогаш се чини како да е на вистинското место за да постигнува голови, Рафа, се разбира, сите знаеме што може да направи, тој е многу опасен играч. Така да ова е навистина возбудлива група“, задоволно зборува Американецот со хрватски корени.

Ова беше првиот официјален натпревар за Милан по враќањето од турнејата низ САД. Пулишиќ сега едвај чека да ја почувствува атмосферата на „Џузепе Меаца“ стадионот.

„И тоа како. Навивачите сега во гости беа фантастични, па не можам да замислам како ќе биде дома. Можев да ја почувствувам атмосферата лани кога игравме против Милан, па сега ќе биде убаво да ги имам тие навивачи на моја страна“, рече.

Милан во наредното 2. коло на „Меаца“ го пречекува Торино. натпреварот е закажан за в сабота од 20:45 часот.

Кристијан Пулишиќ, кој вели дека неговото име и презиме е Кришчн Пулисик, најави дека Милан ќе се бори за Скудетото сезонава.

„Се разбира дека сакаме да се бориме да ја освоиме лигата, да се бориме за сите титули за кои сме во игра. Лично, сакам да продолжам да креирам и постигнувам голови, како направив сега, за да му помогнам на овој тим да освојува титули“.

Репрезентативецот на САД не сакаше да каже кои се фаворити за Скудетото. „Мислам дека е рано за да се каже“.

Во воведното коло од Серија А победија сите фаворити, освен Рома и Лацио. Интер со 2:0 ја совлада Монца, Јувентус ос 3:0 го преслуша Удинезе на гости, а Наполи со 3:1 и пресврт славеше кај новајлијата Фрозиноне. Рома на Жозе Мурињо разочара дома играјќи 2:2 со Салернитана, додека Лацио се лизна на гости кај Лече губејќи со 2:1.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе