Пуштени во продажба билети за натпреварот Бугарија - Македонија за македонските навивачи

Навивачите на македонската фудбалска репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија - Македонија во Разград на 2 јуни од Лигата на нации, од денеска (26 мај) можат да купат билети за натпреварот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.

Фото: ФФМ

Цената на билет за натпреварот е 600 денари (со вклучен ДДВ и достава). Линк за купување на билети за натпреварот Бугарија - Македонија: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4312

Продажбата ќе трае до понеделник (30 мај). Своите билети за натпреварот купувачите ќе ги добијат во вторник (31 мај), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите. 

Едно лице ќе може да купи најмногу 4 билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на 'Рисовите' да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации“, наведува ФФМ.

Натпреварот на 2 мај ќе се игра на стадионот „Хувефарма“ во Разград со почеток од 20:45 по македонско време (21:45 локално). Стадионот е со капацитет од само 10.422 гледачи, а на него игра Лудогорец.

реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе