На YouTube е објавено ново видео на кое се гледаат последиците што зад себе ги остави големиот пожар што изминатите два дена го зафати Сплит.
Хрватските медиуми објавија дека на планината Мосор и денеска има пожар. На терен моментно се повеќе од 200 пожарникари, на кои во секој момент, доколку има потреба, може да им се приклучи војската.
Од денеска пожарот го гаснат и канадери на хрватската војска.
Од 1 јуни воздушните сили учествувале во гаснење 102 пожара. Досега канадерите оствариле речиси 850 часа лет и притоа исфрлиле 26.500 тони вода.