Путин ги потпиша уставните измени

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша денеска законот за уставни измени, по што документот ќе му биде предаден на разгледување на Уставниот суд, соопшти неговиот кабинет.

Како што е наведено, Уставниот суд ќе има рок од седум дена да потврди дали законот е согласно рускиот Устав, а потоа ќе биде распишан референдум. Планирано е гласањето да се одржи на 22 април, а својот глас можат да го дадат сите државјани на Руската Федерација постари од 18 години. Доколку половина од излезените граѓани на гласање се изјаснат позитивно за уставните реформи, тогаш тој ќе стапи во сила.

Претходно сите уставни измени ги одобри руската Државна дума, а потоа и Советот на Федерацијата.

Измените во Уставот подразбираат, меѓу другото, нови социјални гаранции, како и гаранции за зачувување на територијалниот интегритет и рускиот јазик, а, исто така и голем број измени во државното уредување кога станува збор за владата, државните функционери, како и претседателот.

Со реформите му се овозможува на актуелниот претседател Владимир Путин повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе