Путин го одликува Ким Џонг Ун со медал

Во чест на советските војници кои загинаа при ослободувањето на Кореја од окупацијата на Империјалистичка Јапонија летото во 1945 година, Пјонгјанг во 1947 година подигна споменик висок 30 метри, познат како Споменик на ослободувањето.

Со декрет што го издаде рускиот претседател Владимир Путин, лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун денеска беше одликуван со медал во сеќавање на 75-годишнината од победата во Големата патриотска војна.

Рускиот амбасадор во Демократска Народна Република Кореја, Александер Мацегора, му го предаде медалот на министерот за надворешни работи на ДНРК, Ли Сонг Гвон, во свечената сала Мансудае во Пјонгјанг.

Руската амбасада во Северна Кореја на својата официјална Facebook страница објави фотографии од настанот, како и декретот на Путин.

Во декретот стои дека севернокорејскиот лидер се одликува со медал за неговиот „огромен личен придонес кон продолжување на сеќавањето на советските граѓани кои загинале и биле погребани во Републиката, како и за грижата за зачувување на гробовите и спомен-обележјата“.

Споменикот на ослободувањето е познато обележје во Пјонгјанг, кренат во 1947 година во чест на војниците на Црвената армија кои загинаа во битките за ослободување на Кореја од јапонската окупација во последната фаза од Втората светска војна.

Првата посета на Ким Џонг Ун во Русија се случи на крајот на април, 2019 година, кога се сретна со Путин во Владивосток. Путин тогаш рече дека средбата била „доволно темелна“, а за Ким рече дека е „прилично отворен“ и интересен човек кој „има да каже многу значајни работи“.

Ни Путин, ни Ким не присуствуваа на денешната свеченост за врачување на медалот.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе