Путин избега со авион од Москва за време на бунтот на Вагнер, тврди Ходорковски

Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија пред да се скара со рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека Путин побегнал од Москва за време на бунтот предводен од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Тој за Newsweek изјави дека преку еден од неговите контакти дознал дека Путин ја напуштил Москва со авион за време на неуспешниот пуч и најверојатно отишол во неговата резиденција во Валдај меѓу Тверската и Новгородската област. Очигледното отсуство на Путин за време на бунтот ги поттикна шпекулациите за неговата локација.

Резиденција заштитена со „Панцир“

Ходорковски (60) ја предводеше енергетската компанија Yukos пред да помине една деценија во затвор во Русија поради, како што велат критичарите, политички мотивирани обвиненија. Тој беше еден од првите поддржувачи на демократските промени во Русија, критикувајќи ја ендемската корупција на телевизискиот состанок со Путин на почетокот на 2003 година.

Иако беше помилуван во 2013 година, тој сè уште е еден од водечките критичари на режимот.

„Во тој момент го следевме Путин. И се чини дека тој навистина ја напушти Москва и најверојатно отиде во својата резиденција во Валдај“, изјави Ходорковски од Лондон, каде што живее денес.

Агенцијата, независен истражувачки медиум на руски јазик, во јануари објави дека системот за воздушна одбрана Панцир-С1 бил распореден во близина на резиденција во Валдај поради напади со беспилотни летала на руска територија. Резиденцијата е опишана како „место за лична забава на Путин, неговите роднини и пријатели“.

„Мислев дека опозицијата има шанса“

Ходорковски наведува дека авионот „кој го користел само Путин“ полетал од Москва на 24 јуни и се упатил кон северозападна Русија. Тој додаде дека леталото исчезнало од уредот за следење летови „некаде околу Валдај“. Веќе на самиот ден на бунтот се појави информација дека претседателскиот авион Иљушин Ил-96 полетал од руската престолнина.

Дел од руските независни медиуми објавија дека транспондерот на авионот бил исклучен кога почнал да се спушта во областа Твер. Се претпоставува дека авионот летал кон воздухопловната база Борисовски Хотилово, која е аеродромот најблиску до резиденцијата на Путин во Валнај.

Други авиони кои се користат за транспорт на високи руски функционери или припадници на вооружените сили полетале од Москва.

„Водачи, разни раководители на различни сектори, навистина, многу од нив ја напуштија Москва. Така, токму затоа тогаш мислев дека опозицијата има шанса. Но... бунтот на Пригожин пропадна многу брзо“, заклучува Ходорковски.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе