Путин на самитот на БРИКС: Овој блок треба да преземе доминација на глобално ниво

На самитот на групата земји БРИКС во Јужна Африка, Владимир Путин преку видеоврска им се обрати на учесниците и порача дека овој блок треба да стане трговски блок што ќе го претставува „глобалното мнозинство“.

Во своите снимени коментари на средбата, Путин ги обвини западните санкции за нестабилноста на глобалните пазари за храна и други стоки и рече дека БРИКС во наредниот период ќе биде сила за правда во меѓународните односи.

„Соработуваме на принципите на еднаквост, взаемна поддршка и почитување меѓусебните интереси. Тоа е суштината на идниот стратегиски курс на нашето здружение, курс кој ги исполнува аспирациите на главниот дел од светската заедница, т.н. глобално мнозинство“, рече Путин.

Бразилскиот претседател Луис Инасиуо Лула да Силва во вторникот инсистираше на тоа дека целта на групата не е да се натпреварува со западните институции.

„Не сакаме да бидеме контрапункт на Г7, Г20 или САД. Ние само сакаме да се организираме“, смета да Лула да Силва.

Белата куќа, исто така, ја минимизираше веројатноста БРИКС да се претвори во моќен и кохезивен блок.

„Ова е многу разновидна збирка на земји... со различни мислења за критичните прашања“, рече на брифинг советникот за национална безбедност, Џејк Саливан.

Си не присуствуваше на првиот ден од самитот од необјаснети причини. Неговите забелешки во негово име ги даде кинескиот министер за трговија Ван Вентао. Во говорот што го одржа Вентао на самитот, Си инсистираше на тоа дека проширувањето на БРИКС нема за цел „да бара од земјите да заземат страна или да создадат конфронтација во блокот, туку да ја прошири архитектурата на мирот и развојот“, пишува британски The Guardian.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе