Рускиот претседател го соблече сакото и вратоврската за да облече заштитно одело и ги посети заразените од Covid-19 во една московска болница.
Владимир Путин по којзнае кој пат покажа зошто е толку омилен меѓу Русите. Како никој друг светски лидер, тој отиде во посета на луѓе кои се заразени со опасниот коронавирус.
Нормално, рускиот претседател беше одлично опремен со спрецијално заштитно одело и маска за дишење. Турата низ нолницата ја направи во друштво на главниот лекар д-р Денис Проценко кого го пофали за одличната организираност на болницата.
„Се гледа дека болницата е одлично организирана. Тие знаат што прават, како го прават тоа, имаат сѐ што им треба и можат ефективно да ја користат опремата која им е на располагање“, рече Путин.
Во Русија до денеска има регистрирано 495 случаи на заразени со коронавирусот од кои 22 се излечени, а 1 е починат.