Снимката на која рускиот претседател Владимир Путин му врти грб на министерот за одбрана Сергеј Шојгу стана вирална на социјалните мрежи и поттикна обновени шпекулации за заладени односи во руското раководство.
Во понеделникот Путин и Шојгу ја посетија московската болница Вишневски и им доделија медали на војниците кои беа ранети во војната против Украина.
На видеото двајцата застануваат еден покрај друг, но Путин му врти грб, а судејќи по нивниот израз, видливa e тензија.
„Не треба да сте експерт за говор на телото за да разберете што мисли Путин за неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во моментов“, напиша на Twitter аналитичарот за надворешна политика од Киев, Џими Раштон покрај видеото, кое веќе е прегледано повеќе од половина милиони пати.