Путин се огласи по вакцинирањето против КОВИД

Рускиот претседател Владимир Путин првпат се обрати до јавноста откако прими вакцина против COVID-19.

Путин рече дека откако ќе му се формираат антитела, ќе го прошири опсегот на патувања и посети на разни установи, вклучително и културни.

„Ќе ги проширам посетите на разни објекти, вклучувајќи и културни објекти, библиотеки и така натаму. Денес, патем, планирам да ја посетам новата зграда на еден од театрите во Москва“, рече Путин на видеосостанокот со претставници на културата.

Денес е Денот на културните работници во Русија. Путин одржа онлајн настан со добитниците на наградата за млади културни работници и наградата од областа на литературата и уметноста за детски дела и за млади.

За потсетување, рускиот лидер во вторникот ја прими првата доза на двокомпонентна руска вакцина, а ќе биде ревакциниран за приближно две недели. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека само Путин и неговиот лекар знаат која вакцина против коронавирусот ја примил рускиот претседател.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе