Путин: Се влошува ситуацијата во Источна Украина

МИА/КАЈГАНА
/ 18.02.2022 / 15:58

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ситуацијата во Источна Украина се влошува, во момент кога Западот го обвинува дека планира неизбежен напад врз таа држава.

– Моментно се забележува влошување на ситуацијата во Источна Украина, истакна Путин на прес-конференција со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва.

Русија одржа масовни воени вежби во близина на границите на Украина во последните неколку недели. Но, Путин, кој побара ветувања од Западот дека НАТО нема да се прошири кон исток, рече дека вежбите, во кои учествуваат десетици илјади војници, не претставуваат закана.

– Овие вежби имаат чисто одбранбен карактер и не се закана за никого, нагласи рускиот лидер.

Тој додаде дека Западот и неговите сојузници „се уште не се склони сериозно да гледаат на овие клучни безбедносни барања“. Русија оваа недела побара од САД да се обврзат да ги повлечат сите свои војници од Централна и Источна Европа.

Холандија ќе испрати во Украина снајпери и друга воена помош

Холандската влада денеска  соопшти дека во Украина ќе испрати 100 снајперски пушки и  муниција, радарска опрема и детектори за мини.

Воена помош ќе биде испратена на барање на украинската влада, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра. Хоекстра рече дека холандската влада се уште смета дека украинската криза може да се реши со Русија преку дипломатија, но дека во овој тензичен момент мора да ги поддржи украинските вооружени сили.

„Украина мора да биде способна да се одбрани на нејзина територија од можен руски вооружен напад“, се вели во соопштението.

Макрон повика на „запирање“ на бомбардирањата во Источна Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на прекин на гранатирањето на линијата на фронтот во Источна Украина во момент кога се зголемуваат стравувањата дека Русија би можела да бара изговор за инвазија.

„Бомбардирањето во контактната зона продолжи. Прво, повикуваме на запирање на овие воени дејствија и брза деескалација и второ – продолжување на конструктивните преговори“, рече Макрон по самитот ЕУ-Африка во Брисел.

Лавров бара безбедносни гаранции

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и тој се заинтересирани за нови разговори околу безбедносните гаранции.

– Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и јас се договоривме дека тој ќе биде подготвен да се сретне откако Русија ќе го испрати документот и (Вашингтон) ќе се запознае со нашата визија за ситуацијата. И двајцата сме заинтересирани за тоа. Тоа е согласно нашите интереси и планови, истакна Лавров за време на заедничката прес-конференција со грчкиот колега Никос Дендиас во Атина.

Лавров нагласи дека Москва ќе инсистира САД и НАТО да ги исполнат своите безбедносни обврски и ветувања дадени на Русија во таа сфера.

– Ние сме заинтересирани да им објасниме на нашите американски колеги и на сите нивни сојузници во НАТО на детален начин дека не можеме да бидеме задоволни со ветувањата, додаде шефот на руската дипломатија.

Тој истакна дека „извештаите за драстично зголемување на гранатирањата на Донбас со употреба на оружје забрането со Договорот од Минск, предизвикуваат тревога во Москва“.

– Што се однесува до ситуацијата во Донбас, ние сме многу вознемирени од извештаите од последните неколку дена, поточно вчера и завчера, за нагло зголемување на гранатирањата со употреба на оружје забрането со Договорите од Минск, изјави Лавров на прес-конференцијата.

Шефот на грчката дипломатија ја истакна потребата од итно намалување на тензиите во Украина.

– Еден конфликт во Украина нема да има победник. Сите ќе загубиме, изјави Дендиас на заедничката прес-конференција.

– Ја слушаме загриженоста на Русија за нејзината безбедност и ги земаме предвид грижите на другите“, рече грчкиот министер, нагласувајќи дека сите проблеми мора да се решат „врз основа на дијалог што се води според меѓународното право“.

Дендиас првично ја истакна потребата од итна деескалација, истовремено потенцирајќи дека „Грција целосно го поддржува Договорот од Минск“.

– Владата на Мицотакис е посветена да го направи она што е неопходно за да ја заштити грчката заедница, која се наоѓа таму со векови, рече грчкиот министер за надворешни работи.

Меѓу другото, Лавров на прес-конференцијата додаде и дека „Русија е подготвена да создаде услови за решавање на територијалните спорови меѓу Грција и Турција и на тој начин да им помогне на двата соседа да ги решат разликите“.

Коментирајќи ги територијалните претензии на Анкара, грчкиот министер за надворешни работи изјави дека тврдењата на Турција „се изговор за каква било акција“.

– Грција поддржува конструктивен дијалог со Турција. Сепак, таа е подготвена да го брани својот национален суверенитет од каква било закана, рече Дендиас.

Грчкото Министерство за надворешни работи вчера испрати протестна нота до Турција поради изјавите со кои се доведува во прашање грчкиот суверенитет над островите во Егејско Море.

Во однос на испораките на руски гас, Москва и Атина ја потврдија нивната веродостојност.

– Ја потврдивме веродостојноста на испораките на овој вид гориво од Русија за Грција, рече Лавров пред новинарите.

Дендиас истакна дека за време на средбата разговарале и за зајакнување на врските меѓу Грција и Русија, „нагласувајќи ја соработката во многу сектори како што се туризмот, енергетиката, пандемијата на COVID-19 и побаравме чартер летови во текот на летото“.

Безбедносната конференција во Минхен започна во сенка на тензиите во Украина

Безбедносната конференција во Минхен почна денеска со присуство на голем број западни лидери и во сенка на зголемените тензии во Источна Украина.

„Ова е најважната конференција во моите 14 години на нејзино чело“, рече шефот на конференцијата Волфганг Ишингер за годинашното издание на конференцијата, која се одржува во главниот град на Баварија од 1963 година.

„Канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена рече во Москва дека наша должност е да работиме за да спречиме голема војна. Но, добро, да почнеме да работиме на тоа“, рече Ишингер на отворањето на форумот, во време кога Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите по артилериските и минофрлачки напади во Источна Украина.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека светските геополитички поделби продолжуваат да растат, што го „парализира“ Советот за безбедност и им дозволува на различни актери неказнето да дејствуваат. Тој рече дека е загрижен поради можноста за воен конфликт во Европа, во време кога руската армија се распоредува на украинската граница.

„Сѐ уште не мислам дека тоа ќе се случи, но ако се случи, ќе биде катастрофа“, рече Гутереш, додавајќи дека е „време за сериозна деескалација“ и дека нема алтернатива за дипломатијата.

Голем број светски лидери пристигнаа во Минхен, кои често се нарекуваат одбрана на Давос, вклучително и американскиот потпретседател Камала Харис, државниот секретар Ентони Блинкен, шефот на НАТО Јенс Столтенберг, украинскиот претседател Володимир Зеленски и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

За првпат по неколку години претставник на Русија не допатува во Минхен, што, како што наведуваат странските агенции, е показател за влошување на односите меѓу Западот и Москва.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе