Путин: Западот сакаше руските војници да се убиваат

Макфакс
/ 27.06.2023 / 08:16

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата на државната телевизија и истакна дека руското општество се консолидирало за време на бунтот, пренесува Reuters.

Путин рече дека „организаторите на овој бунт не можат а да не сфатат дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата, дека ова е криминална активност насочена кон ослабување на земјата“.

Сепак, рускиот претседател посочува дека повеќето борци во компанијата Вагнер се патриоти на Русија, пренесува BBC.

„Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“, додава Путин.

Во острата изјава Путин рече дека „секаков вид на уцена е осудена на неуспех“ и дека Западот сака руските војници да се убиваат меѓусебно.

Тој се заблагодари на руската јавност за „поддршката, патриотизмот и солидарноста“ и на белорускиот претседател Александар Лукашенко за мирното решение.

„Практично целото руско општество беше обединето со неговата одговорност да ја брани својата татковина“, рече Путин, според Sky News.

Тој, исто така, им се заблагодари на претставниците на Вагнер кои „донеле правилна одлука да запрат и да се вратат за да спречат крвопролевање“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе