Германската фудбалска федерација (ДБФ) објави синоќа дека ќе формира група составена од неколку поранешни фудбалски ѕвезди чија цел ќе биде да ја опорави репрезентацијата откако беше елиминирана уште во групната фаза на Мундијалот во Катар.
Работната група, која треба да му помогне на националниот тим да се подготви за ЕУРО 2024, чиј домаќин ќе биде токму Германија, ќе ја сочинуваат Карл-Хајнц Румениге, Матиас Замер, Руди Фелер, Оливер Кан и Оливер Минцлаф, најави претседателот на ДФБ, Бернд Нојдорф.
Исто така, потврдено е дека селекторот Ханси Флик, и покрај раната елиминација во Катар, останува на должноста до 2024 година.
Германската фудбалска федерација сега мора да најде наследник на директорот на репрезентацијата Оливер Бирхоф, кој беше сменет од должноста по неуспехот на Светското првенство 2022.