Работнички продаде уште еден талент, Лука Станковски од лето во Монца

Македонскиот младински фудбалски репрезентативец и член на прволигашот Работнички, Лука Станковски, од следната сезона ќе му се приклучи на италијанскиот клуб Монца, кој е во сопственост на поранешниот сопственик на Милан и премиер на Италија, Силвио Берлускони.

Монца, во чиј актуелен состав настапуваат познати фудбалски имиња, меѓу кои и Кевин Принс-Боатенг и Марио Балотели, во моментов е второпласиран во Серија Би со амбиции во следната сезона, за првпат во својата 108-годишна историја, да игра во најсилната италијанска лига.

„Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери, Лука Станковски, од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок“, соопшти вечерва претседателот на Работнички, Драган Поповски за клупската веб-страница.

Тој нагласува дека имало многу понуди за Лука, но донеле заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува.

„Среќни сме што Работнички успешно ја продолжува стратегијата за реализација на трансфери на млади и талентирани фудбалери во странство и горди што во еден исклучително тежок период на глобална пандемија на коронавирусот, Работнички оствари два трансфери, Давид Тошевски во Ростов и Лука Станковски во Монца, додаде првиот човек на скопскиот прволигаш.

Станковски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Работнички, а потоа ќе биде промовиран во редовите на Монца. Тој во првиот дел од сезоната одигра 16 натпревари, постигна 7 голови и двапати асистираше.

Тој е син на познатиот поранешен македонски фудбалер Горан Станковски, познат како Гамагам, а има и постар брат Марио кој исто така настапува во Работнички.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе