Работници добија бонуси од 30.000 евра по грешка

Челичарница во Белгија по грешка им исплатила на дел од работниците огромен бонус, а сега ги бара парите назад.

На дел од работниците во челичарницата викендот им почнал феноменално – на сметките имале бонус од 30.000 евра.

Но, како што повеќето од нив се посомневале, станувало збор за грешка. Бонусот што требало да го добијат изнесувал само 100 евра, објавија белгиските медиуми.

Сепак, оние кои решиле да ја занемарат сомничавоста почнале да ги трошат парите – враќале долгови, а некои отишле да се коцкаат.

Меѓутоа, сега компанијата од Шарлероа си ги бара парите назад.

Каде отидоа парите?

Уште не е познато точно колку работници од вкупно 230 вработени во челичарницата го добиле непредвидениот бонус. Просечната плата во компанијата изнесува околу 1.600 евра месечно.

Поранешниот синдикален претставник Џузепе Пичуто смета дека се работи за мал број вработени.

„Бев шокиран кога видов колку пари имам на сметката“, изјави работник кој сакаше да остане анонимен.

„Ама веднаш ми беше јасно дека се работи за грешка и не ги допрев тие пари. Подигнав само онолку колку што знам дека ми е платата“, рече тој.

Тој вели дека сепак некои од неговите колеги потрошиле дел од парите.

„Знам дека некои отидоа во казино, некои отплатија долгови, а на дел им беа замрзнати сметките.“

Што вели законот?

Законот за труд е многу јасен: ако се подигнати по грешка пратени пари, мора да се вратат назад, вели адвокатот Етјен Пире.

„Дури и ако корисниците на сметките тврдат дека имаат право на тој бонус, парите мора да се вратат во целост“, вели тој.

Како знак на добра волја, компанијата може да одобри враќање на парите на одложено, додава Пире.

реклама

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Чек дис аут

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Дабарите можат да помогнат во гаснењето пожари и тоа не е нивната единствена предност

Read more

Римски брод стар 2.100 години пронајден на дното на морето кај Сицилија

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Магазин

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Читај повеќе

Што треба да имате на ум ако прв пат одите во теретана или се враќате по долга пауза?

Читај повеќе

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Читај повеќе

Зошто не смеете да седнете каде било и во полупразен авион?

Читај повеќе

Секс соништа: Зошто ги сонуваме и што значат?

Читај повеќе

Каде боли кога имате воспаление на слепо црево?

Читај повеќе

За што може да ве казнат и до 36.000 евра на плажите низ Европа?

Читај повеќе

Марс во Рак ги исполнува желбите на три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Дали треба да ги држите прозорците отворени или затворени за време на топлотен бран?

Читај повеќе