Работник од Македонија претепан во Хрватска

Државјанин на Македонија кој бил туристички работник е меѓу натепаните во Хрватска, пишува хрватскиот сајт Avaz. Пет лица на возраст од 18 до 22 години завршија во притвор, осомничени за насилство, бидејќи нападнале странци, а употребувале и груби навреди. Меѓу нападнатите има и државјани на Босна и Херцеговина.

До инцидентот наводно дошло кога околу 5 часот наутро пред ноќниот бар „Elix“, каде сезонските работници, за да избегнат понатамошен конфликт, со такси го напуштиле местото и отишле во објектот каде што биле сместени.

Но, групата осомничени ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и им нанеле полесни физички повреди.

Додека физички ги удирале, осомничените ги навредувале на национална основа, со што кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

Младите насилници се уапсени по што се изведени пред дежурниот судија, кој им одредил мерка притвор.

Според судијата Пер Милоглав, портпарол на Жупанискиот суд во Дубровник, притворот е одреден во однос на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале екстремна агресивност, непромисленост и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривичното дело.

Полицијата извести за бруталното претепување на сезонските работници од синџирот хотели „Valamar Riviera“, до кое дошло по ноќно излегување и вербален конфликт во Пилес.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе