Радев: Бугарија ќе донира големо количество вакцини за Северна Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Рим најави дека Бугарија ќе ѝ донира големо количество вакцини против коронавирусот на Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев, нагласи и дека Бугарија ја разгледува можноста државната помош за туризмот да биде искористена за бесплатни кампови за ученици и студенти од Северна Македонија во бугарските планински и приморски одморалишта.

Радев во изјава за бугарските медиуми по неговата средба со шефот на италијанската држава Серџо Матарела, потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, ја разгледувале идејата ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

– Разговараме со претседателот Пендаровски да поканиме ученици и студенти од Северна Македонија да поминат дел од нивниот одмор со нашите деца, заедно со наставниците, така што ќе имаме едукативна и хуманитарна програма. Ако успееме да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда на инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди, нагласи Радев.

Тој потенцира дека претседателот на Италија, Матарела е целосно солидарен со бугарскиот став за пристапувањето на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија.

– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро, но има јасни критериуми за членство, што секоја земја мора да покаже дека ги исполнува одржливо и неповратно. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе постигнеме напредок во однос на прашањето за проширување кога самите земји ќе ја покажат јасно, категорично и неповратно нивната волја за напредок, потенцира Радев.

Тој доаде дека ваквиот став го споделуваат многу европски лидери, истакнувајќи дека напредок во проширувањето ќе се постигне со силни позиции на самите земји кандидати.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе