Рајан Гослинг во улогата на Нил Армстронг во трејлерот за „First Man“
Првото стапнување на Месечината лесно се заборава, бидејќи се случи пред 49 години. Но, задачата на „First Man“ е да нѐ потсети зошто овој настан е толку значаен не само за првиот човек на Месечината, туку и за целиот човечки род.
„First Man“ ги прикажува клучните години од животот на Нил Армстронг, од 1961 до 1969 година, користејќи ја неговата животна приказна за да ја прикаже големината на планот на NASA за праќање на човек на Месечината пред крајот на деценијата.
Во главната улога се појавува Рајан Гослинг, а режисер на филмот е Демијан Шазел, кој претходно ги режираше „Whiplash“ и „La La Land“.