ЛА ЛИГА 2022/2023

Рајо и Столе го срушија Реал - прв пораз за шампионот

Фудбалерите на Рајо Ваљекано на домашен терен после голема борба го срушија актуелниот шампион Реал Мадрид со 3:2 во последниот натпревар од 13. коло во Ла Лига.

Со нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски помеѓу стативите, Рајо Ваљекано одлично го отвори натпреварот и поведе уште по само 5 минути игра преку одличниот контра напад во кој Фран Гарсија го проигра Санти Комесања, а овој ја затресе гостинската мрежа.

Сепак, во 37. минута Реал успеа да израмни. Марко Асенсио беше соборен во шестнаесетникот и судијата покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Лукла Модриќ и успешно го реализираше пеналот.

Само 4 минути подоцна Реал направи комплетен пресврт кога Асенсио нафрли од корнер, а Едер Милитау скокна највисоко и со глава погоди за 1:2.

Кога се чинеше дека на пауза ќе се замнине со водство на Реал, Иси Палакон му асистираше на Алваро Гарсија за 2:2.

Во вториот дел Рајо остана без својот тренер Андони Ираола на клупата кој беше исклучен и пратен во подтрибинскиот простор. Но, тоа не ги запре одличните домаќини да сонуваат за победа.

Се играше 65. минута кога Дани Карвахал играше со рака, а судијата Мунуера досуди пенал за Рајо. Одговорноста ја презеде Оскар Трехо кој упати очаен удар за лесна одбрана на Тибо Куртоа. Но, судијата оцени дека и Куртоа и играчите на Реал прерано почнале да се движат, па досуди повторување на пеналот. И овој пат Трехо не упати добар удар, но погоди носејќи водство за Рајо од 3:2.

До крајот Реал немаше многу шанси за израмнување освен онаа на Родриго во надополнувањето кога од два мертра пред гол успеа да промаши. Така, Рајо Ваљекано му го нанесе првиот овосезонски пораз на актуелниот шампион Реал Мадрид кој поради поразот го загуби првото емсто на табелата каде сега со 34 бодови е Барселона, додека Реал има 32.

Нашиот Димитриевски целиот натпревар го мина на голот на домаќините, а и покрај двата примени гола се радуваше на голема победа.

URL

Standings provided by Sofascore
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе