Севенокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го прими рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во неговата резиденција во Пјонгјанг.
Двајцата ќе разговараат за проблемите на Корејскиот Полуостров.
Лавров е првиот претставник на Русија што се сретнува со севернокорејскиот лидер, објави ТАСС.
„Иако некои Руси го имаат видено Ким Џонг Ун, ова е прв висок претставник што се сретнал со него“, рече еден од членовите на руската делегација во Северна Кореја.