ИХФ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШПАНИЈА 2021

Ракометарките убедливо со Литванија, денес против Грција

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа убедливо триумфираше над Литванија со 31:21 (15:12) и на едно до крајот на квалификацискиот турнир во Скопје речиси го обезбеди настапот во баражот за пласман на Светското првенство што во декември ќе се одржи во Шпанија.

По завчерашниот триумф над Исланд со 24:17, избраничките на селекторот Симе Симовски одиграа уште еден супериорен натпревар во кој целосно доминираа над противникот.

Сара Ристовска со 8 голови повторно беше најефикасна во македонската репрезентација, додека голманскиот тандем Серафимова – Мицевска запишаа по 6 одбрани.

Квалификацискиот турнир во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, македонските ракометарки ќе го заокружат денеска со натпреварот против Грција, во обид со максимални три победи да ја дочекаат жрепката за мундијалскиот бараж в понедлник.

Табела:

  1. Македонија 4 (55:38)
  2. Исланд 2 (48:43)
  3. Литванија 2 (48:57)
  4. Грција 0 (45:58)

Денес играат:

17 ч. Грција - Македонија (пренос на МРТ1)

19 ч. Исланд - Литванија

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе