Ракот на дебело црево е сè почест меѓу генерацијата милениумци

Припадниците на генерацијата милениумци треба да обрнат повеќе внимание на знаците кои укажуваат на можноста за развој на рак на дебелото црево, со оглед на тоа што болеста сè повеќе ги погодува луѓето на возраст од 25 до 49 години.

Списанието Annals of Oncology објави истражување кое укажува на „зголемување на стапката на смртност од рак на дебелото црево кај луѓето на возраст од 25 до 49 години во Европската унија (ЕУ) и Обединетото Кралство“ и сугерира дека причините најчесто се прекумерната телесна тежина и алкохол.

Извештајот доаѓа откако Американското здружение за рак (ACS) претходно објави податоци кои покажуваат слично зголемување на болеста во Соединетите Американски Држави.

Пред 25 години, колоректалниот карцином беше четврта водечка причина за смрт од рак кај мажите и жените помлади од 50 години, но сега е прва кај мажите и втора кај жените, објави ACS.

Една од причините за тоа е поголемата пропорција на млади луѓе со вишок килограми, но и зголеменото консумирање алкохол и намалената физичка активност, велат истражувачите во списанието Annals of Oncology.

 

Девојка која заболи од рак на дебелото црево на 24 години го сподели првиот симптом

 

Во јануари, добро познатата американска клиника Мајо ги предупреди милениумците, главно луѓе во триесеттите и раните четириесетти, дека се лекуваат сè повеќе „помлади пациенти со рак на дебелото црево, кој исто така е откриен во напредна фаза“.

Ракот на дебелото црево е зголемена причина за смрт кај помладите луѓе, иако вкупните смртни случаи од рак продолжуваат да опаѓаат.

Проблемот со откривањето е што „симптомите обично не се појавуваат во раните фази на болеста“, велат од клиниката Мајо.

Во исто време, луѓето можат да бидат збунети од „бројните предупредувачки симптоми“, како што се ректално крварење, анемија, промени во навиките на дебелото црево, постојана непријатност во стомакот и необјаснето губење на тежината, бидејќи тие често се симптоми на помалку сериозни состојби.

Но, таквите симптоми сепак треба да се проверат.

Многу симптоми на рак на дебелото црево можат да бидат причина за некои други здравствени проблеми, па затоа се препорачува да се разговара со лекар за да се открие вистинската причина за проблемот, препорачуваат од клиниката Мајо.

 

реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе