Рамос призна дека намерно доби жолт картон на натпреварот со Ајакс

Амстердам, 14 февруари 2019 (МИА) – Капитенот на Реал, Серхио Рамос изјави дека со намера доби жолт картон на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Ајакс (2:1) за да избегне дисквалификација во следните фази на турнирот.

Шпанскиот дефанзивец во 90. минута направи груб прекршок против Каспер Долберг за што беше опоменат со жолт картон. Сега тој ќе го пропушти натпреварот во Мадрид.

„Со оглед на конечниот резултат, ќе лажев ако реков дека не го присилував судијата да ме  предупреди. Не го потценуваме нашиот противник и не мислам дека конечниот победник е решен, но некогаш треба да донесете тешки одлуки во фудбалот“, изјави Рамос.

Тој потоа ги отфрли неговите зборови, наведувајќи дека оваа дисквалификација го повредува.

„Нагласувам дека дисквалификацијата ме повредува повеќе од било кој друг. Јас конкретно не одев да добијам жолт картон, како на натпреварот со Рома. Сега ќе го поддржам Реал Мадрид од трибините и се надевам дека тимот ќе стигне до четвртфиналето“, напиша Рамос на Twitter.

Според правилата на УЕФА, ваквите потези се казнуваат со дисквалификација на два натпревари, а треба да се нагласи дека капитенот на Реал во 2010 и 2013 година беше предупреден за ваквото нарушување на фер-плејот.

Реваншот меѓу Реал и Ајакс е закажан за 5 март во Мадрид.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе