ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Рангник: Ако се укине Боксинг деј, да ја укинеме и кралицата

Тренерот на Манчестер Јунајтед смета дека промени во традиционалниот празничен календар во англискиот фудбал би биле голем преседан кој не смее да се случи.

„Гледам Премиер лига во последните 40 години, уште кога се викаше Прва дивизија и знам колкава традиција е тоа да се игра за Божик и на Боксинг деј, на 27, 30 и дури и на Нова година и на 2 јануари“, вели Ралф Рангник, вршителот на должноста тренер во Манчестер Јунајтед.

„Така да ако некому му светне идеја да го укине тоа, тогаш ајде да зборуваме и за укинување на чајанката во 5 часот, или за укинување на кралицата - сето тоа е дел од традицијата на една земја и јас едвај чекам да бидам дел за прв пат во мојата кариера“, вели тој кој токму вечерва го има всојот прв натпревар како дел од празничната програма бидејчи неговиот тим гостува во Њукасл.

Ако треба да се намали згуснатиот календар, германскиот стратег смета дека Премиер лигата треба да го следи примерот на Серија А, Ла Лига, Бундеслигата и Лиг 1 кои имаат само еден куп. Франција заклучно со сезоната 2019/20 имаше и Лига куп, кој го укина токму за да се намалат непотребни натпревари. Единствено Англија сѐ уште го практикува - станува збор за Лига купот познат како Карабао куп каде премиерлигашите најчесто играат со комбинирани состави со што и натпреварувањето губи на тежина.

„Дали и во иднина сѐ уште има смисла да се има две куп натпреварувања? Сите други големи европски лиги имаат само едно, така да ова е тема за која вреди да се зборува повторно и повторно“.

Рангник ги повика и одговорните лица да го вратат правилото за пет измени, правило кое во останатите лиги и натаму важи.

„Се разбира, треба да се дискутира и за тоа дека потребни ни се тие пет замени сега кога ковидот повторно се интензивира. Причината поради која пет замени беа имплементирани беше ковидот. Сега, кога ситуацијата повторно стана алармантна и имаме 18 играчи на располагање, за мене има смисла да може да се направат пет наместо три замени“, заврши тој.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе