Рани симптоми кои предупредуваат на замастен црн дроб

Здравиот црн дроб е неопходен за нормално функционирање на организмот бидејќи служи за детоксикација и регулирање на метаболизмот. Затоа, важно е сериозно да го сфатите заболувањето на замастен црн дроб бидејќи раното откривање на симптомите може да ви помогне побрзо да интервенирате.

Кај болеста замастен црн дроб (која се нарекува и стеатоза на црниот дроб), дополнителни масти се акумулираат во клетките на црниот дроб, што ја загрозува неговата нормална функција. Постојат два вида на оваа болест, имено алкохолни и безалкохолни масни заболувања на црниот дроб.

Проверете дали имате некој од горенаведените симптоми.

Необјаснето дебелеење

Необјаснето и ненадејно зголемување на телесната тежина, особено во пределот на желудникот, може да биде поврзано со замастен црн дроб. Најчесто се поврзува со отпорност на инсулин и метаболичка дисфункција.

Темна урина и бледа столица

Темната урина и бледата столица се знаци дека способноста на црниот дроб е загрозена. Тие се појавуваат кога црниот дроб не може да го процесира билирубинот и другите штетни материи во телото. Обрнете посебно внимание на овие симптоми.

Промени на кожата

Различни промени на кожата, како што се постојано чешање, модринки, жолта кожа, црвенило, осип околу устата, темни дамки на кожата на вратот и препоните, и отекување на лицето и рацете, сето тоа може да укажуваат на заболување на замастен црн дроб.

Видливи знаци на отпорност на инсулин

Состојбите како што се преддијабетес или дијабетес тип 2 подразбираат поголема количина на шеќер во крвта, што на крајот придонесува за формирање на замастен црн дроб. Затоа, обрнете внимание на заматен вид, зголемена жед, често мокрење и замор.

Замор

Еден од најраните знаци на замастен црн дроб е необјаснет замор и слабост. Нарушената функција на црниот дроб влијае на способноста за складирање и ослободување енергија, што доведува до постојан замор.

Оток

Отокот во стомакот, зглобовите и нозете се знаци дека вашето тело задржува вишок течност и дека болеста е во напредна фаза.

Болки во стомакот

Непријатност или болка во горниот десен дел на абдоменот може да биде показател за зголемен црн дроб поради акумулација на маснотии. Најмногу се појавува привремено и најчесто при консумирање на мрсна храна. Доколку непријатноста продолжи, не смеете да ја игнорирате.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе