Расте бројот на заразени од COVID-19, намалена смртноста

Речиси двојно намалена смртноста, но во континуитет расте бројот на новозаразени од коронавирусот COVID-19 во државава.

Вчера се регистрирани 1.275 заразени, а починаа 13 лица што е пад за разлика од претходните три дена кога имавме 22, 24 и 21 починати како последица од вирусот.  Процентот на новозаразени од COVID-19 во однос на тестирањата расте, односно 33, 37 и вчера 38 отсто.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера и нареди на Армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

– Со оваа наредба, која стапува во сила веднаш, дел од ресурсите и од средствата на Армијата ќе се ангажираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на институциите на државата при справување со последиците од пандемијата на COVID-19, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Согласно наредбата на претседателот, Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема.

Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини.

На клиниките и болниците во државава, според вчерашните податоци на Министерството за здравство, хоспитализирани се вкупно 887 пациенти од кои 130 се на кислородна поддршка. Оваа состојба на исполнетост на капацитетите во последниве четири дена се зголемува за седум до 12 пациенти на дневно ниво.

Од општите болници информираат дека се подготвени да ги адаптираат одделенијата за прием на пациенти доколку има потреба од тоа.

Директорот на струшката болница Мухамед Асани, вчера информираше дека хоспитализирани се 18 лица позитивни или со сипмптоми на коронавирус и дека во одделот имаат 32 кревети, кои доколку се потполнат, ќе се прави преадаптација во други одделенија.

– Доколку се потполнат предвидените легла на Интерното одделение, ќе го преадаптираме Детското одделение. Секогаш имаме резервна опција, вели директорот.

Од почетокот на пандемијата во Струга и струшко починале 75 лица како последица од компликации од коронавирусот.

Во Струмица од вчера девет лекари и медицински сестри и тројца техничари од Општата болница се во изолација откако било потврдено дека се позитивни на коронавирусот. Заради тоа, директорот на болницата, д-р Наќе Гогов информира дека неизвесно е кога ќе биде отворен дополнителниот оддел за прием на ковид-пациенти во нoвото болничко крило.

-Тоа ни го отежнува и вкупното работење на болницата, а почнувањето со работа на новиот оддел ќе зависи од расположивиот персонал. Треба да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може некој да работи таму, рече директорот Гогов.

Во Струмичката болница моментно се лекуваат 100 пациенти, од кои 45 се хоспитализирани, а останатите 55 се лекуваат со примање терапија во дневната болница.

На Универзитетската клиника за радиологија позитивни на COVID-19 се четворица вработени меѓу кои и директорот Даниел Ѓурчинов. Сите се во добра состојба и на домашно лекување, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Посочуваат дека на Клиниката нема застој во работењето, бидејќи од четворицата заболени, двајца се вработени во администрација, а еден е техничар.

Новите мерки на Владата за спречување на ширењето на COVID-19 се активни. Задолжително треба да се носат маски. Носењето маска на отворено има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Угостителските објекти работат до 21 часот. Забрането е групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот како и движење на јавен простор доколку граѓаните немаат важни и неопходни потреби. Се препорачува граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица што не живеат во иста заедница. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе