Расте нивото на радијација во Чернобил по окупацијата, Русите негираат

Во зоната на Чернобил, каде што се руските окупатори, е забележано зголемување на радијацијата, соопштија украинските власти.

„Поради окупацијата и присуството на непријателот, во моментов е невозможно да се утврдат причините за промената на радијационата позадина во зоната на исклучување“, наведува украинскиот нуклеарен регулатор.

„Податоците од автоматизираниот систем за следење на зрачењето во зоната на исклучување, достапни на интернет, покажуваат дека нивоата на гама зрачење (црвени точки) се надминати на значителен број набљудувани точки“, се вели во соопштението.

Нуклеарната централа во Чернобил е окупирана од руски сили, изјави во четвртокот советникот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак, објави Reuters.

„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по целосно бесмислен руски напад“, рече тој.

Тој додаде дека ова е една од најсериозните закани во Европа денес.

Русија ќе распореди падобранска единица за заштита на Чернобил

Русија ќе распореди војници од падобранска единица кои ќе помогнат во заштита на затворената нуклеарна централа Чернобил во близина на главниот град на Украина, Киев, изјави денеска портпарол на руското Министерство за одбрана.

„Нивото на радијација во централата е нормално“, изјави портпаролот на брифинг.

Според него, руските трупи, кои вчера започнаа целосна воена операција во Украина, уништија 118 локации на украинската воена инфраструктура.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе