„Raw food“ предизвик кој нема да можете да го одбиете

Tоплите денови пристигнаа, a со тоа и летната облека, која открива многу повеќе отколку што реално посакуваме! 

Но, нема потреба за паника бидејќи со добра дисциплина и волја може да направите одличен план кој ќе ја врати вашата посакувана фигура и форма. Всушност денес е полесно од било кога да воспоставите режим на исхрана поради достапноста и  големиот избор на нутритивни и вкусни производи кои можете да ги консумирате без грам грижа на совест. Здравото денес значи и вкусно!  Потребна е само  мала посветеност, а за другото можете да се обратите и во локалната продавница. Природни здрави производи без конзерванси и шеќери денес ви се на дофат секогаш кога имате потреба од нешто благо.  

Затоа обидете се да бидете најдобрата верзија на себе и прифатете го предизвикот цел месец јули да не консумирате „junk food“. За да бидете сигурни дека овој концепт ќе го совладате и ќе успеете во намерите, потребно е да бидете свесни за искушенијатa, кои верувајте и тoa како ќе ги имате. Но не плашете се од нив, од две едноставни причини. Првата е дека со тек на време ќе се одвикнете од силните вкусови на фабрички обработената храна полна со шеќери се до мигот кога и нивниот вкус ќе биде премногу вештачки за вашите сетила. А втората среќна околност е што денес за достапна цена имате избор од навистина здрави  и вкусни продукти кои ќе ви помогнат да ја одржите дисциплината во исхраната.

И на крајот од денот кому му се потребни благи оброци полни со рафиниран шеќер, маснотии и празни калории?  Што ако постои начин да консумирате здрави  ужинки или десерти кои го имаат задржано  добриот и интензивен вкус и се вистинска нутритивна бомба? Решението е raw food (сирова храна) десерти од сирови необработени природни состојки во форма на нутритивен бар кој сега ви е достапен под брендот Виталиа.

Super Raw Bar е слатка веганска ужина и десерт кој не содржи состојки од животинско потекло и не е термички обработен (100% cold pressed). Овие десерти се ослободени од какви било преработени состојки и наместо тоа содржат висок процент на суво овошје, јатки и супер храна. Што ги прави овие производи  дополнително поздрави од редовните десерти? Фактот дека се без додаден шеќер.

 

Не заборавајте дека шеќерот најчесто се поврзува со голем број заболувања како прекумерна телесна тежина, дијабетес, рак, расипување на забите, па се до променливи состојби на расположението. Згора на сè, шеќерот не содржи хранливи материи, односно се состои од празни калории - што брзо водат до зголемување на телесната тежина.

Имајќи го ова предвид многу лесно ќе заклучиме дека сировите вегански Super Raw Bars  се вистинскиот здрав  избор . Дехидрираното овошје, оревите, лешниците, бадемите и сите видови на  семиња се состојки кои обезбедуваат повеќе витамини и минерали отколку класичните пецива или слатките бисквити или колачиња. За разлика од вообичаените десерти и “junk” ужини, сировите raw bars се ослободени од празните калории па затоа можете да ги консумирате како дневни ужинки без грижа на совест.

Но, се разбира дека и нивната употреба треба да биде во рамките на дневна ужинка. Не заборавајте дека тајната на здравата исхрана и витката линија  лежи во умереноста. 

Затоа, уживајте во сировите десерти Super Raw Bars без грижа на совест  - бидете Junk Free, Guilt Free!

*Промотивен текст

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе