Размена Алјаска за Гренланд, предлог на белгиски политичар

Откако Данците го одбија Трамп за купување на Греналнд, се јави поранешниот белгиски премиер со предлог за двете страни, Данска да ја добие Алјаска во замена за Гренланд.

Ги Верхофстат е поранешен премиер на Белгија, а денес член на европскиот парламент. Тој преку Twitter го пецна Доналд Трамп давајќи му идеја како да ги примами Данците да прифатат да го дадат Гренланд на САД.

„Однесувањето на Трамп е смешно. Беринг, дански истражувач, ја открил Алјаска. Можеби треба да преговараат за трампа?“, напиша Верхофстат.

Данскиот картограф и истражувач Витус Беринг во средината на 18-тиот век водел истражувачка мисија на Алјаска и тоа во служба на руската морнарица. По него се именувани Беринговото Море и Беринговиот Проток, потоа остров и глечер, а Берингија се вика земјата која некогаш со копно ги поврзувала Азија и Северна Америка, односно Камчатка и Алјаска.

Американците ја купија Алјаска од Русија во 1867 година, а во 1959 доби статус на сојузна држава станувајќи 49-та.

реклама

Свет

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

ЕК го одобри лекот ремдесивир за COVID-19

Read more

Американски туристи вратени по слетување во Сардинија

Read more

Властите загрижени: Бејби-бум во Индонезија во време на пандемија

Read more

Вести

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Во Солун принудно слетал авион по пожар во пилотската кабина

Читај повеќе

Чулев: Неопходно е изборите да бидат фер, слободни и демократски

Читај повеќе

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Читај повеќе

Кочанчанец нападнал вработен во маркет откако не сакал да го напушти поради неносење маска

Читај повеќе

Скопјанец малтретиран поради долг од 4.000 евра

Читај повеќе

165 нови случаи, 7 лица починаа од COVID-19

Читај повеќе

Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни банкноти

Читај повеќе