Невиден потег направи Реал пред утрешниот реванш од полуфиналето на Купот на кралот во Барселона, откако го загуби првиот меч на домашен терен со 0:1 од најголемиот ривал.
Актуелниот шампион на Шпанија и Европа објави видео во траење од 2:40 минути, во кое ги покажува огромните грешки кои на негова штета во последните години ги направија Хуан Мартинес Мунуера, главниот судија на утрешното Ел Класико, и Хосе Луис Гонзалес Гонзалес, кој ќе му биде видео асистент на супердербито.
„Мартинес Мунуера ќе биде судија на Ел Класико во Барселона, а Гонзалес Гонзалес ќе биде ВАР судија... Каква случајност! Правдата ни ја дели тандемот од кој мадриѓаните имаат најлоши спомени“ потсетува Реал на клупскиот телевизиски канал и истакнува: „Тоа е истиот судиски пар кој го водеше натпреварот во кој Реал беше најмногу оштетен во поновата историја, а тоа беше натпреварот Реал - Севиља во сезоната 2020/21, кога нивните грешки ни ја однесоа титулата во Ла Лига. Мартинес Мунуера и Гонзалес Гонзалес потоа направија дури шест одлучувачки грешки при штета на Реал.
Тоа се: Офсајд на Одриозола благодарение на специјалните ефекти на ВАР, гол на Севиља постигнат по непостоечки фаул на Касемиро, пенал за Реал кој не беше досуден иако Диего Карлос играше со рака во шеснаесетникот на Севиља, чист пенал по фаулот на Оскар врз Касемиро кој не ни беше досуден и доделениот ракомет на Милитау, иако ненамерно го направи тоа, поради што Реал остана без пенал и црвен картон за голманот на Севиља, Боно“.
Реал Мадрид ТВ додава дека Мартинес Мунуера не го оштети лошо клубот само на овој натпревар: „Тој ни одби пенал по прекршокот на Горосабел над Менди на натпреварот против Рајо оваа сезона, исто како што нападот на Балиу мина неказнет“.
ВАР доби специјална посвета од клупската телевизија на Реал. „Ако има име кое сее паника во видео-собата, тоа е името на Гонзалес Гонзалес. Откако беше на чело на ВАР на натпреварите на Реал, тој нè оштети неколку пати.
Не ни даде пенал против Бетис откако Миранда играше со рака, остана неказнет и за фаулот над Азар за пеналот и нападот врз Марсело против Алавес, како и раката на Кејп која требаше да резултира со пенал против Атлетик...“ потенцира Реал и го завршува видеото со порака Гонзалес Гонзалес од ВАР-собата, која стана симбол за навивачите на Реал за судиското газење на нивниот клуб: „Сè е во ред“.