Реал сака да го врати Азар од каде што го зеде - малку е користен

Во летото 2019 година, белгискиот фудбалер Еден Азар стана вредно засилување за Реал Мадрид - неофицијално беше платен дури 160 милиони евра, но во три сезони на „Сантјаго Бернабеу“ практично не покажа ништо.

Првичните информации велеа дека на Азар му биле исплатени 100 милиони, но всушност се 160 на три рати: 40, 56 и 64.

Затоа Реал Мадрид сака да се ослободи од него летово за да може да го ангажира Ерлинг Холанд, а за да се ослободи буџетот за плата прво мора да оди еден од најплатените. Поради тоа Реал веќе почнал да го бара следниот клуб за Азар, а како што пренесува шпанскиот весник Marca, тоа би можело повторно да биде Челси.

Шпанскиот новинар Рамон Алварес, кој е добро запознаен со случувањата во Реал Мадрид, пренесува дека Челси преговара за позајмица со која Азар би го вратил една година на „Стемфорд Бриџ“, каде што тој е херој на навивачите.

Азар пристигна во Челси во 2012 година од Лил и во следните осум сезони беше еден од најдобрите играчи во тимот. Тој освои две титули во Премиер лигата, две во Лига Европа, по еден Лига Куп и ФА Куп со 110 постигнати голови во 352 натпревари. Сепак, Белгецот сакаше нов предизвик во кариерата и соработка со Зинедин Зидан, а се покажа дека тоа беше голема грешка.

Челси минатата сезона без него во тимот ја освои Лигата на шампионите со исфрлање на Реал Мадрид во полуфиналето, а Азар го навлече гневот на навивачите поради насмевките и срдечните зборови со поранешните соиграчи по мечот.

Неговиот мандат во Реал го обележаа повреди, па во три сезони одигра само 65 натпревари и постигна 3 гола. На пример, во првата сезона во Челси одигра 62 натпревара и постигна 13 гола, а само стапна што на големата сцена и играше во сериозна лига.

Азар нема многу проблеми со повреди оваа сезона, но Карло Анчелоти едноставно не го користи и затоа се во лоши односи, а дали ќе се спаси во Челси, останува да видиме.

Планот е Челси да ја преземе неговата плата, а Азар да се врати во Реал Мадрид во 2023 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе