Актерката Ребел Вилсон заврши во болница откако снимаше сцена за претстојниот филм „Bride Hard“ во Савана, Џорџија.
Вилсон на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината повреда на лицето, која морала да биде сошиена. На фотографијата се гледа актерката по несреќата која ја опиша како „каскадерска несреќа“.
Таа откри и дека добила неколку конци и додаде дека така не сакала да го заврши снимањето на филмот.
„Не сакав вака да го завршам овој филм! Три конци и во болница синоќа по каскадерската несреќата на сетот со 4 сабајлето“, напиша актерката на фотографијата објавена на сторито на Instagram.
Инаку, Ребел одамна е позната како омилената „буцка“ на Холивуд, а одлучи да симне повеќе килограми кога посака дете со нејзиниот поранешен вереник, милијардерот Џејкоб Буш.
После тоа, актерката ги изненади своите фанови кога на почетокот на минатата година откри дека има девојка, а во февруари годинава се сврши со партнерката со која има дете родено од сурогат мајка.