Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Јагнешкиот бут зачинет на грчки начин носи во чинијата вкусови типични за Медитеранот.

Јагнешкиот бут зачинет во грчки стил се прави со домати, млад компир и маслинки, што е доволно да го засакаме овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 3 кг јагнешки бут
  • 6 чешниња лук
  • 1 китка оригано
  • кора од лимон и сок од 1 лимон
  • 6 лажици маслиново масло
  • 1½ кг млад компир
  • 400 гр сечкани домати
  • 100 гр маслинки без семки
  • марула

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 240°C. Истолчетете го лукот заедно со половина од ориганото, кората од лимон и малку сол, па додадете го сокот од лимон и малку маслиново масло. Со остар нож направете неколку зарези во бутот и во дупките турнете колку што можете повеќе од пастата од тревки што сте ја направиле.

Младите компири ставете ги во голем плех за печење, а потоа додадете го преостанатото маслиново масло и преостанатата паста од тревки. Убаво наместете го бутот помеѓу компирите, печете 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 180°C. Печете 1 час и 15 минути за средно печено, а уште 15 минути ако сакате подобро подготвено јагнешко. Еднаш или двапати премачкајте го јагнешкото со соковите. Кога месото ќе биде готово по ваша желба, извадете го од тавата и оставете го да одстои. Остатокот од ориганото соединете го со компирот, извадете го од тавата и чувајте го на топло.

Тавата за печење ставете ја на средна температура, додадете ги доматите и маслинките во соковите што останале од печењето, па динстајте неколку минути. Јагнешкото послужете го со компири и сос и марула.

реклама

Се бараат доброволци за експеримент: За 60 дена ќе добијат 18.000 евра

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Наутро или навечер - кога е најдобро да земате витамин Д?

Read more

Скопје блеска во новогодишен амбиент среде април

Read more

Рецепти

Со еден мал трик лава колачот секој пат ќе излезе совршено

Read more

Посно, лесно и брзо: Ориз со зеленчук

Read more

Рецепт за имунитет: Јунешко со зелка и целер

Read more

Зошто оризот треба да се натопи во вода пред подготовка?

Read more
 

Магазин

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Читај повеќе

Најшармантните хороскопски знаци: Носат неодолива енергија

Читај повеќе

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Читај повеќе

Зошто не треба да се спие со отворени завеси?

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 12 до 14 април за секој знак од зодијакот

Читај повеќе

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Читај повеќе

Дали секс двапати во една вечер ги зголемува шансите за забременување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажува сточарот кој беше нападнат од мечка

Читај повеќе

Наутро или навечер - кога е најдобро да земате витамин Д?

Читај повеќе