Пробајте го најдобриот рецепт за домашен леб, се подготвува брзо и лесно.

Потребни состојки:
- 200 мл топло млеко
- 200 мл топла вода
- eдна лажица шеќер
- eдна лажичка сол
- 10 г квасец
- 600 г брашно
- 30 мл маслиново масло
- 1 јајце
Начин на подготовка:
Измешајте ги млекото, водата, шеќерот, солта и квасецот. Додадете го брашното и кратко замесете па додајте го маслото.
Замесете тесто, уште малку прелијте го со масло и покријте го со проѕирна фолија. Оставете да потстои 45 до 50 минути на топло место.
Поделете го тестото на два дела. Обликувајте ги векните леб, па ставете ги на обложен плех со хартија за печење. Покријте со крпа и оставете да одмори уште 20 минути.
Печете во загреана рерна околу половина час, додека не добие златеста боја на врвот.