Регистрирани 1.031 нови случаи на заразени со COVID-19, починати 20 лица

Нови 1.031 случаи на COVID-19 од направени 4.373 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, речиси половина се во Скопје – 492. Починати се 20 пациенти на возраст од 50 до 93 години.

Министерството за здравство соопшти дека од новите случаи, 64 се во Прилеп, 53 во Кавадарци, 47 во Велес, по 45 има во Тетово и во Гостивар, 31 во Охрид, 30 во Битола, по 29 во Куманово и Неготино, 25 во Гевгелија, 20 во Струмица, 16 во Штип, 13 во Струга и 12 во Берово.

Едноцифрени бројки на новозаболени има во Радовиш и Крушево каде се евидентирани по девет случаи, во Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2. По еден нов случаи има во Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.

Од вкупниот број починати, девет пациенти се од Скопје, тројца од Прилеп, по двајца од Битола и Велес и по едно починато лице има од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите се починати во болнички услови.

Од МЗ информираа дека оздравени се 241 пациент и тоа од Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на COVID-19. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе