РЕК Битола престана да произведува струја

Сите блока во РЕК Битола се во прекин, односно од денеска во овој рударско-енергетски комбинат воопшто не се произведува струја.

Пожарот кој во петокот вечерта избувна во Блок 3 направил сериозни оштетувања на трансформаторот, поради што запрено е производството на струја во овој блок, како и во Блок 2.

Од утринава во дефект е и Блок 1 поради пукната цевка, што значи дека РЕК Битола повеќе не произведува струја. Се работи на отстранување на дефектот со надеж дека тоа ќе се случи денеска, па Блок 1 ќе одново ќе почне да произведува електрична енергија.

Со оглед на тоа што во моментов ниту еден блок не произведува струја во РЕК Битола, тоа значи дека потребните количини на електрична енергија се влечат од меѓународната мрежа за што државава веќе има добиено неколку опомени од Европската енергетска мрежа.

Комисија предводена од министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе побара Владата да прогласи кризна состојба поради енергетската криза, но без рестрикции.

Во декември би требало со работа да стартуваат ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Веќе некое време во функција се ставени хидроелектраните Маврово, Црн Дрим, Треска и Тиквеш, гасната елекрана Енергетика-Скопје, како и ветерниот парк Богданци.

РЕК Битола е најголемата подружница во составот на АД Електрани на Македонија која овозможува над 70% учество на комбинатот во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе