„Рекет“: Пресуда за Јанева и Јовановски на 18 јуни

Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви докази за делото за кое се товарам, изјави Катица Јанева, во завршен збор за случајот „Рекет“.

Таа рече дека нема ни „0“ од обвинение против неа, нема ниту еден доказ и го нема и Специјалното јавно обвинителство.

– Мене не ми требаат црвени телефони. Мене ми е чист образот. Некој да сакаше да го урне СЈО јас не му требав. Јас сум во притвор за пари што не се докажаа за Камчев да се спаси, рече Јанева.

Таа нагласи дека е само грубо изманипулирана од една личност.

– Доколку ги знаете соприжниците Камчеви нема никогаш да дозволите да ви се доближат ниту до судската зграда. Орце Камчев се покажа дека е „валкан“ играч и дека мисли дека може сè да купи со пари, се излажа. Мене не можеше да ме купи. Искористи едно искрено пријателство со Бојан за да ме стави на столб на срамот, изјави Јанева.

Во овие четири години, рече Јанева, покажав како еден обвинител да биде одважен и сигурен во себе.

– Кога станав шеф на СЈО, многу обвинители сакаа да дојдат. Ама јас реков дека за борба против криминалот ни требаат чесни луѓе. Затоа ги исфрлив некои и останувам на тој став, рече Јанева.

Нагласи дека никогаш самата не би ги одбрала тие обвинители што после четири часот не можат без салатка и ракија.

– Пијаници и неисполнети личности не ми требаат, изјави Јанева.

Таа рече дека и е срам што е дел од ова судење поради неспособноста и немањето докази.

– Да подигнеш обвинение без извршени вештачења и да биде прифатено од тројца судии. Секоја чест. Јас се срамам што сум дел од ова. А каде се парите, рече Јанева.

Ова голо обвинение без докази ми е жал што овие два дена го распарталивме како баница, јавната обвинителка Вилма Русковска не е тука да го чуе и да се црвени.

– Не само што јавната обвинителка не докажа ништо во овој предмет, туку напротов само произлезе дека била свесна уште од старт дека води предмет за кој нема докази. Се покажа дека наместо да биде објективен критичар всушност дава едно малициозно критизерство не само кон мене, туку и кон целото СЈО, рече Јанева.

Да работеше јавната обвинителка, рече таа, како што треба ќе утврдеше дека нема докази за ова дело и неможе да покрене обвинение.

– Но, брзаше да покрене обвинение за три месеци, водена по тоа јас да не излезам од притвор. Тоа беше осуетено, па дури и се закануваше на судии со „тресење од гаќи”, изјави Јанева.

Пресудата за „Рекет“ е закажана за 18 јуни 2020 година во 10 часот. 

реклама

Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Read more

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Збунувачки тврдења од кавкаскиот конфликт: И двете страни победуваат

Read more

На референдум Швајцарците одбија да се затворат кон ЕУ

Read more

Македонија

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата

Read more

Дневен корона биланс: 3 починати, 148 новозаразени и 65 излекувани

Read more

Со велосипедизам, Крушево развива алтернативен туризам

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Вести

Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Читај повеќе

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата

Читај повеќе

На референдум Швајцарците одбија да се затворат кон ЕУ

Читај повеќе

Збунувачки тврдења од кавкаскиот конфликт: И двете страни победуваат

Читај повеќе

Дневен корона биланс: 3 починати, 148 новозаразени и 65 излекувани

Читај повеќе

Со велосипедизам, Крушево развива алтернативен туризам

Читај повеќе

Казнети 528 лица за неносење на заштитна маска

Читај повеќе

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршката за туристичкиот сектор за побрзо надминување на кризата

Читај повеќе

Во Велес пред Спомен куќата на Рацин промовирана збирка поезија „Слушни ја тишината“

Читај повеќе