Реорганизација за повеќе болнички кревети, активни 19.035 случаи

Се преземаат активности за зголемување на капацитетите за болнички третман на ковид пациенти, а во лекувањето се вклучува и дополнителен кадар од приватните специјализанти за да се одговори на потребите. Од денеска и на Очната клиника ќе се лекуваат заразени со COVID-19.  Вчера беа регистрирани 1.406 новозаразени и бројот на активни случаи изнесува 19.035. За актуелната ситуација со COVID-19 денеска ќе расправа и Советот за безбедност.

Новорегистрираните во претходното деноноќие се од направени 3.398 тестирања, починале уште 21 лице, а оздравиле 937 пациенти.  Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава до вчера изнесуваше 1271 и имаше околку 90 празни болнички кревети во ковид-центрите.

На интерните клиники во Скопје има околу 20-тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на денов со работа треба да почне и ковид центарот на Клиниката за очни болести, каде ќе можат да се сместат 33 пациенти. Во болниците во внатрешноста, според вчерашната статистика на МЗ, има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите новоотворени инфективни одделенија, според ресорното Министерство, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

– Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не ја намалиме ниту редовната програма на клиниките за акутните и хрончините пациенти кои за тоа имаат потреба, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вчера со директорите на интерните клиники  ја разгледуваваше состојбата со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински перосонал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

Филипче имаше средба и со младите лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, за уво, нос и грло и Кожната клиника, кои сакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид-центрите на овие клиники. Станува збор за триесетина млади лекари чија помош, како што информораше МЗ, ќе биде добродојдена на инфективните одделенија. Ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и тие ќе бидат вклучени во работата во ковид центрите.

На одделна средба, пак, со претставници на млади лиценцирани лекари, Филипче исто така разговараше за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид одделенијата и болниците низ државата.

Според синоќешната статистика на МЗ, најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде  во претходното деноноќие се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98,  Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72,  Охрид 57, Велес, 55, Битола 51, Кавадарци 40, Штип 37, Кочани 34, Струмица 30, Виница 20, Струга 17, Ресен 13, Гевгелија, Свети Николе и Неготино по 11,  Крива Паланка и Кичево по 10,  Радовиш 9, Крушево и Валандово по 8, Делчево 6, Пробиштип 4, Демир Хисар, Македонски Брод, Берово и Кратово по 2, а Дебар и Пехчево по еден случај.

Од активните случаи во Скопје најмногу се во Општина Гази Баба 1323, по што следат Аеродром со 1318, Карпош со 1160, Кисела Вода со 1109, Центар со 1105. Во Ѓорче Петров има 742 активни случаи, во Чаир 565, Бутел 477, Илинден 226, Шуто Оризари 153, Сарај 129, Чучер Сандево 101, Сопиште 61, Зелениково 60, Студеничани 41.

Зад Скопје, според бројот на активни случаи, се Тетово со над 1.000, како и Прилеп и Куманово со над 900, Битола и Велес со над 700.

Според Институтот за јавно здравје, во периодот од 9 до 15 ноември има  незначително зголемување на бројот на нови позитивни случаи, а за 35,4 отсто е зголемен бројот на смртни случаи од COVID-19

Во анализираниот период биле тестирани 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35 проценти, намалување за два отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години и од 10 до 19 години.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11,6 отсто повеќе од минатата недела. Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, што е зголемување од 35,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50 до 59 години, девет смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и два случаи во возрасната група од 30 до 39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1 отсто.

Согласно последниот извештај што Министерството за труд и социјална политика го испратило до Комисијата за заразни болести во земјава 21 дете кое посетува градинка било позитивно на вирусот, како и 179 вработени. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера изјави дека овие бројки и сегашната состојба во градинките укажуваат дека тие можат се уште да останат отворени. За евентуално затворање ќе одлучува Комисијата за заразни болести ако на тоа упатува епидемиолошката состојба.

Контролите на инспекциските служби, пак, од 9 до 15 ноември, резултирале со  затворање на два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид за непочитување на заштитните протоколи. Во тој период се издадени 13.676 решенија за изолација на лица болни од коронавирус, како и на лица кои биле во контакт со заболени.

И во вчерашната статистика на Министерството за внатрешни работи беа регистрирани прекршоци за непочитување на мерката за носење маска и по тој основ се санкционирани 725 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, а на починати е 1.397. 

реклама

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more

Која храна е најштетна за цревата?

Read more

Девојката која се изживуваше врз животни во ЗОО Скопје уште не се извинила, не ѝ бега пријава во полиција

Read more

Колку соларни панели му се потребни на едно домаќинство?

Read more

Македонија

МЗ: На Инфективна почина 17-годишна пациентка заболена од COVID-19

Read more

Вo недела почнува зимското сметање на времето

Read more

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Read more
 

Вести

Три лица извршиле обљуба врз девојка од Крива Паланка

Читај повеќе

МЗ: На Инфективна почина 17-годишна пациентка заболена од COVID-19

Читај повеќе
  • filter

Москва под локдаун: Низ градот само луѓе во заштитни одела кои ги дезинфицираат улиците

Читај повеќе

Вo недела почнува зимското сметање на времето

Читај повеќе

Борисов: За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство треба да биде во Уставот

Читај повеќе

Приведен битолчанец за издржување казна затвор

Читај повеќе

Претрес во Струга, пронајдено оружје

Читај повеќе

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Читај повеќе

„Го Сакам Водно“ до Арсовска и Шилегов: Покажете гаранција за Водно

Читај повеќе