Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела

Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на COVID-19 кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник), одлучи Владата на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Како што информира владината прес-служба, исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

-Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите, се вели во соопштението.

Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри Протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта. 

реклама

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе