Револуционерна терапија за COVID-19 драстично го намалува бројот на пациенти на интензивна нега

Прелиминарните резултати од клиничко тестирање на нова протеинска терапија за COVID-19 покажуваат драстично намалување на бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега, соопшти британската компанија која ја разви терапијата.

Биотехнолошката компанија Synairgen од Саутхемптон во терапијата користи протеин наречен интерферон бета, кој телото го произведува кога има вирусна инфекција.

Протеинот се внесува со вдишување директно во белите дробови на пациентите со коронавирус, со помош на небулизатор, и очекувањата се дека ќе поттикне имунолошка реакција.

Првичните резултати покажуваат дека терапијата ја намалува веројатноста пациентот со COVID-19 кој е хоспитализиран да развие потешка форма на болеста и да му е потребна интензивна нега и респираторна поддршка, и тоа за 79%.

Пациентите кои ја примале терапијата исто така имале за два-три пати поголеми шанси да закрепнат до степен каде болеста не им ги попречувала секојдневните активности, тврдат од Synairgen.

Клиничкото испитување на терапијата исто така покажа дека има „многу значајно“ намалување на губењето здив кај пациентите кои ја примале терапијата.

Исто така, просечното време кое пациентите го поминувале во болница било намалено за една третина за оние кои ја примале терапијата, во просек од 9 до 6 дена.

Во тестирањето биле вклучени 101 доброволец кои добивале терапија во девет британски ковид болници.

На половина од испитаниците им била давана протеинската терапија, а другата половина добиле плацебо – неактивна супстанца.

Берзанските правила налагаат дека компанијата Synairgen е обврзана да ги објави прелиминарните резултати.

Резултатите уште не се објавени во стручно списание и не се достапни целосните податоци, објави BBC напоменувајќи дека нема независна потврда за ефикасноста на терапијата.

Повеќе за истражувањето прочитајте ТУКА.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе